Сајад Гариби, кој е познат и како „Иранскиот Хулк“ е бесен  на Бразилецот  Ромарио, тој  одби да се бори со него.

Пред неколку месеци, Гариби изјави дека влегува во ММА, гласините беа дека ќе дебитира против Мартин Форд, но тоа не се случи. Подоцна беше најавено  дека Ромарио прифатил борба да ги одмерат силите во кафезот.

Но, денес, Сајад вели дека Бразилецот е  кукавица и не сака да се бори со него, ќе мора да бара нов противник,  нагласува  дека ќе ги уништи сите.

„Го прифатив предизвикот на Ромарио – „Бразилскиот Хулк“, но наскоро сфатив дека тој страшливец не сакака да се бори со мене во кафезот. Требаше да се сетам дека тој нема храброст да се бори со мене“ – изјави Гариби.

извор: ipon.mk