Македонскиот олимписки комитет и Факултетот за спорт се согласија за потесна соработка во иднина откако во просториите на МОК денеска беше потпишан меморандум за соработка меѓу претседателот на Олимпискиот комитет Даниел Димевски и Деканот на ФФОСЗ, Ленче Величковска Алексовска

„Двата субјекта и досега разменуваа искуства и соработуваа, меѓу другото и црпејќи кадри еден од друг, но отсега тоа ќе биде регулирано со посебен акт. Меморандумот е потпишан заради плански, систематски, стручен и научен пристап во развојот на спортот во Македонија. Тој ќе име за цел да ги поттикне спортистите, клубовите и спортските кадри на заедничка соработка, а со цел за развивање на спортот и промоција на олимписките вредности. Во план е изготвување и реализација на проекти поврзани со спортот, како и тестирања поврзани со антрополошкиот статус на спортистите од различни возрасни категории.“ – соопштија од МОК

Ленче Величковска Алексовска е поранешна кошаркарка е долгогодишен декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, додека Даниел Димевски пред функцијата во МОК, беше прв човек на КФМ и претходно директор на КК Работнички.