Македонската Таеквондо Федерација под водство на претседателот Д-р Борче Костовски организира десет дневен тренинг камп подготовки ОХРИД 2020 за репрезентативните национални тимови во сите возрасни селекции на кој земаа учество тренерите и најдобрите натпреварувач од клубовите членки на МТФ (ТК Хваранг Фист Охрид, ТК Корио, ТК Бутел, ТК Кобра, ТК Тигри, ТК Борец, ТК Годел, ТК Илинден).

МТФ ги покрива сите трошоци на вкупно 30 репрезентативци кои во минатите две натпреварувачки години остварија успешни резултати кои ни даваат за право да потврдиме дека станува збор за квалитеттни репрезентативни тимови кои ветуваат многу.

Секако на овој камп беа присутни и европски шампион Дејан Георгиевски, европскиот медалист Филип Додевски, светскиот медалист Анамарија Георгиевски, сениорските балкански шампиони Коки Георгиевски и Марко Стевиќ, успешните Мила Релиќ, Дамјан Трајковски, Филип Стаменов, Филип Јосифовски, Марко Аврамовски, Фросина Рајковска, Дебора Брњарчевиќ и други.

Кампот до сега тече одлично, спортистите се во Охрид од 28ми Јули до 7ми Август. Македонската Таеквондо Федерација подготвува сериозна тренинг програма за идните предизвици во овој олимписки спорт, програмата ѓи опфаќа секако сите старосни категории но е со фокус на сениорскиот тим кој сериозно се бори да донесе олимписки норми за оваа нација, гордоста да имате сериозни олимписки надежи е голема но уште поголема е одговорноста и затоа стручниот тим на МТФ сериозно и напорно како до сега ќе се посвети на врвните таеквондо резултати кои во минатото покажавме дека можеме да ги направиме реалност збогатувајкија македонската спортска ризница со многу важни медали од елитни светски натпревари, но секако нашата цел е да продолжиме до и околу самиот врв на овој олимписки спорт.