По повод Националниот празник 11-ти Октомври, на 06.10.2019 година во спортската сала на СОУ “Р.Р.Ричко“ во Прилеп ќе се одржи 11. Традиционален Меѓународен Турнир во џудо “Прилеп Град Херој-2019 Цевитана Куп“.

На турнирот кој е во организација на Џудо Клубот “Сеишин“ од Прилеп и во соработка со Џудо Федерацијата на Р.С.Македонија до овој момент, покрај домашните, за учество се пријавени повеќе од 30 клубови од 6 држави од Регионот:Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора и Косово.

Според проценките на организаторот, се очекува присуство на околу 250-300 натпреварувачи.

Покрај претставници од организаторот и помагателите, присутни ќе бидат и неколку големи изначајни имиња за џудо спортот од Регионот: Славко Обадов, Вук Рашовиќ и Павле Буљчик од Србија како и Чихи Јанош од Унгарија.

Џудо Федерацијата го поддржува Џудо Клубот “Сеишин“ од Прилеп во реализацијата на Турнирот и истовремено, ги поканува сите заинтересирани да го проследат турнирот, кој започнува на 06.10.2019 година (недела) во 10:00 часот