Пуазата од настапите на тениските терени Шпанецот Рафаел Надал ја искористи да се испроба и во друг спорт.

Тој викендов учествуваше на турнир во голф во Мајорка, на кој покажа дека по пензионирањето од тенисот може со успех да премине во голфер.

Надал дводневниот турнир го заврши како четвртопласиран, иако по првиот ден беше главен претендент за насловот.