Затворска казна од најмалку 10 години му се заканува на тренерот по џудо, кој е осомничен за обљуба на малолетнички, предвидува Кривичниот законик.
Тренерот е осомничен дека ги обљубил ученичките со злоупотреба на положбата во период од април до ноевмри минатата година.
„Осомничениот во Прилеп и на други места заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години- ученики кои му биле доверени заради тренирање и воспитување.“ – се вели во соопштението од ОЈО Прилеп.
Судот го прифати предлогот на јавниот обвинител и на тренерот по џудо му е одреден 30 дневен притвор.
По однос на овој сканалозен чин, од Џудо федерацијата на Македонија излегоа со соопштение и потврдија дека тренерот по џудо од поодамна не е член на федерацијата и минатата година бил дел од дисциплинската постапка поради злоупотреба на официјален документ.
Comments are closed for this post.