Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски е последниот на листата од спортските работници во Македонија кој има Ковид-19.

Ова го потврди на својот фејсбук профил, поранешниот ракометен репрезентативец на Македонија.

„Драги пријатели, поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид – 19. Во моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор. Чувајте се и почитувајте ги мерките. Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома. Мојот апел до вас пријатели е да направите се` да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно! “ – изјави Наумче Мојсоски.