Владата на Македoнија донесе нов протокол за организирање и реализација на спортски натпревари со кој треба да се намали ризикот од зараза со Ковид-19.

Според препораките , сите играчи и службени лица ќе мора да носат заштитни маски при влегувањето во спортскиот објект и да ја носат постојано со исклучок на оние кои ќе бидат на теренот. Забрането е поздравување – ракување меѓу играчите и тренерите пред почетокот и по завршувањето на натпреварот.

Задолжителна е дезифенкција на сите реквизити, во салите на паркетот. Натпреварите ќе се играат без публика, а на спортските арени ќе може да присуствуваат само спортисти, стручниот штаб на клубовите, судиите, делегатите и претставниците на медиумите. Според протоколот ќе мора да биде извршено ПЦР тестирање на сите играчи и тренерите 72 часа пред натпреварот.