Хабиб Нурмагомедов, непобедениот шампион во УФЦ стигна пред десетина дена до 28-та победа во кариерата од исто толку борби, откако го победи Дастин Порие во УФЦ серијата 242 во Абу Даби.

После победата Нурмагомедов направи потег за почит, откако по мечот двајцата борци си разменија маици од официјалните спонзори. Таа што рускиот „орел“  ја доби од Порие  експресно ја ставил на аукција, а за неа добил 100.000 долари. Сите пари Хабиб ги префрлил во хуманитарната фондација на Американецот.

Не знаев дека ќе направи вакво нешто. Добил многу пари. Ова е најголемата донација што сум ја примил во мојата фондација. Мислам дека со него ќе направиме големи работи. Ќе им помогнеме на многу луѓе. Многу сум благодарен и ваквите работи ме прават многу среќен. Хабиб донираше 100.000 долари, не знам дали ја продал маичката или се други пари, ама ова е неверојатно. Не сум разговарал со него да му заблагодарам, само со неговиот менаџер“, рекол Порие за „ЕСПН“