Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, ја коментираше својата претстојна борба со предизвикувачот Тони Фергусон.

Сум се борел со такви борци како Барбоса, Дос Ањос, Конор, Порје и Јаквинта, но ниту еден од нив не е на нивото на Тони Фергусон. Но, за мене тоа нема значење, бидејќи за да го одбранам тоа што е мое должен сум да победам секого. За оваа борба сум неверојатно мотивиран, затоа што Фергусон е мојот најсилен противник во досегашната кариера“.

Борбата меѓу Нурмагомедов и Фергусон ќе се одржи на 18 април во рамките на УФЦ 249 во Њујорк.