Актуелниот УФЦ шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, го коментира евентуалното одржување на борбата без присуство на публиката, или пак пренос на мечот во некој друг град.

Ма затворете не со Фергусон во било која арена и ќе го дознаете шампионот“, напиша тој на својот инстаграм.

Претходно, државата Невада ги забрани сите спортски манифестации и со тоа го доведе во прашање и одржувањето на овој меч. Сепак, претседателот на УФЦ, Дена Вајт тврди дека мечот ќе се одржи, па ако треба и во некој друг град.