Атлетската комисија на државата Њујорк официјално го забрани турнирот УФЦ 249, на кој главна борба требаше да биде мечот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон

„Во согласност со неодамнешните препораки на Центарот за контрола на болестите и препораките на државата Њујорк, Спортската комисија на државата Њујорк го извести раководството на УФЦ, дека турнирот УФЦ 249 нема да може да се одржи во Њујорк“, стои во известувањето испратено во УФЦ.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, повеќе пати истакна дека мечот ќе се одржи, па макар и надвор од САД. Сега се бара нова локација за одржување на овој меч.