Премиерот на Италија, Џузепе Конте со декрет забрани било какви спортски активности во земјата поради алармантната состојба со Коронавирусот.

Бројката на смртни случаи во Италија се искачи на 500, само денеска има нови 97 починати лица.

Немаме веќе време за чекање, бројот на заразени и починати се зголемува, само денес починаа 97 лица.  Затоа се превземаат уште построги мерки,  Серија А и сите спортови ќе бидат суспендирани. Навивачите треба да го прифатат тоа“ – изјави Премиерот на Италија, Конте.

Останува отворено прашањето до кога ќе биде актива забраната, според последните информации од Италија, најмалку до 3 април нема да има никакви спортски активности во земјата.