Емил Павлов е нашиот најдобар каратист во моментов, по втор пат ќе учествува на Европските игри , сега во Минск каде ќе ја брани бронзата од Баку во 2015 година.

Павлов добро се подготвуваше за овој настап, оптимист е дека може да дојде до медал на овој голем собир на спортисти од Европа.

„Од мене може да се очекува да ја претставам Македонија во најдобро светло. Овие Европски игри за мене се најголема цел оваа година по Европското првенство и се надевам на добар успех. На овие игри пресудно ќе биде надмудрувањето и моменталната поготвеност на каратистите, бидејќи многу добро се знаеме со моите противници. Во изминатиов период имавме доста заеднички борби, ќе дадам се од себе да дојдам до медал“ – изјави Павлов.

Игрите во Минск започнуваат утре  и ќе траат до 30 јуни.