Двајца наши преставници денеска земаа учество во две дисциплини на Светското првенство во Гванжу, Јужна Кореја.

Давор Петровски го освои 44 место во квалификациите на 200 метри делфин со време од 2:06:33 и со 1 секунда и 30 стотинки го подобри своето најдобро време.

Солиден настап имаше и Филип Дерковски кој на 800 метри слободно го потврди неговотото најдобро време од 8:35:54.