Националната пливачка федерација повторно испрати барање за отварање на базените до сите одговорни институции во државата.

Паузата е долга и се бара начин за рестарт, пливачите се надвор од базените скоро 3 месеци и секојдневните информации во врска со вирусот Ковид 19 негативно влијаат на нивниот психофизички статус.

„Национална пливачка федерација покрај тоа што повторно побара да се отворат базните за пливачите поради извршување на тренажен процес,како Федерација која се грижи за своите членови,побаравме отварање на базените  и поради зачувување на психофизичкото здравје на нашите спортисти чиешто е под влијание и постојан притисок со секојдневните информации за вирусот Ковид 19“ – се вели во соопштението.

Од федерацијата  велат дека цврсто ќе ги почитуваат протоколите и плановите за безбедно користење на базените за време на тренинг.