Британскиот велосипедист Марк Кевендиш нема да биде дел од „Тур де Франс“ оваа година. Тој за првпат од 2007 нема да вози на најпрестижната трка во светот.

Велосипедистот кој има 30 победи не е дел од тимот на Dimension Data по одлуката на директорот Даг Рајдер, иако шефот на екипата Ролф Алдаг сакал да патеката да го види Кевендиш.

Ваквата одлука го шокирала Кевендиш кој имал здравствени проблеми минатите години, но верувал дека направил сѐ за да докаже дека е физички подготвен.

При соопштувањето на составот на тимот Кевендиш не би споменат, но подоцна го навеле во истото.

„Селекцијата за тимот на „Тур де Франс е високо компетитивен процес и ние мораме да внимаваме на сите возачи не само на Марк. Има неколку сегменти кои нашиот директор Даг ги зема во предвид при селекцијата на тимот.“ -се наведува во соопштението.