Организаторот на велосипедската турнеја низ Полска потврди дека четвртата етапа нема да се одржи туку сите натпреварувачи ќе возат по еден круг за трагично загинатиот Бјорг Ламбрехт.

Според шефот на Здружението на професионални велосипедисти на Полска, Јарослав Мариќ четвртата етапа ќе биде во знак на Ламбрехт, таа нема да има натпреварувачки карактер.

Дваесет и две годишниот Ламбрехт го загуби животот по несреќата која се случи вчера.