По кратко боледување, денеска на 60 годишна возраст почина Милутин Станковиќ, долгогодишен спортски новинар.

Специјалност на Станковиќ беше кошарката, неговите текстови беа препознатливи  во дневниот весник „Нова Македонија“, потоа работеше во дневниот весник „Вест“, каде  беше уредник на спортската редакција.

Погребот е утре на градските гробишта во Бутел.