Владата донесе одлука за промена на мерките за заштита од Ковид-19, со кои се опфатени и спортските обложувалници и фитнес центри.

Според предвидениот план, како што најавија на денешната пресконференција, спортските обложувалници ќе бидат затворени исто како и финтнес клубовите.

„Целосна забрана за посетители во обложувалниците. Од утре целосна забрана и на фитнес клубовите, се забрануваат и семинарите, работилници.“ – изјави премиерот Зоран Заев.

Воедно има промена и на полицискиот час, тој од утре ќе започнува од 20 часот а ќе трае до 5 наутро се до 20 април.

Спортските обложувалници во меѓувреме реагираа по најавата за измената на Законот на игрите на среќа.

„Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) реагира на Предлог измените на Законот за игрите на среќа и забавните игри поставени на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) и изразува жалење што и покрај многуте обиди од нивна страна за конструктивно делување во унапредување на регулативата, повторно се предлагаат измени кои водат кон затворање на цела една стопанска гранка, губење на илјадници работни места и огромни загуби за државниот буџет. Забелешките на Асоцијацијата кои во најкус можен рок ќе бидат и официјално доставени преку ЕНЕР се однесуваат на зголемувањето на даноците и давачките, правните имликации по однос на скратување на стекнатото деловно право преку важечките лиценци, но пред сé на оддалеченоста од 500 м на деловните објекти од образовните инсититуции. “ – велат од АСОМ.