Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, изјави дека актуелниот шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов во октагонот ќе се најде дури во септември, а негов последен меч беше онај против Порие минатата есен.

За потсетување тој пред еден месец требаше да се соочи со Тони Фергусон, но Коронавирусот го спречи тој спектакл за љубителите на ММА. Фергусон наместо со Русинот, на 9.мај ќе се бори со Џастин Гејчи, а победникот ќе се соочи со Хабиб.

„Борбата меѓу Фергусон и Гејчи ќе биде полна со насилство, гарантирам. Тоа ќе биде фантастична борба, а победникот од тој дуел ќе има можност да се бори за појасот во лесна категорија оваа есен против Хабиб Нурмагомедов. Хабиб се враќа или во септември или во октомври, сто проценти“-изјави Дана Вајт.