Македонските пливачки не ги исполнија личните очекувања на денешните настапи на Светското првенство во Гванжу.

Миа Крстева настапи на 100 метри грбно и го освои 49 место во конкуренција на 63 пливачки кои беа дел од квалификациите. Крстевска посигна време од 1.06 минути што е второ најдобро време во нејзината кариера.

Ева Петровска настапи во квалификациите на 1500 метри слободно и оствари резултат од 17.35.18 минути освојувајќи го последното 29 место.

Петровска во петок ќе настапи и во квалификациите на 800 метри слободно.