Легендата на светскиот снукер Рони О’Саливен“ им порача на организаторите на Чемпионшип лигата дека нема да учествува на турнирот доколку не се реши проблемот со оброците.

„ Ќе бидам среќен доколку можам да си носам своја храна. Не им верувам на луѓето кои ја подготвуваат храната, иако ме уверуваа дека се е по прописи“-изјави „Ракетата“.

Овој турнир започна на 1.јуни и сите мечеви се играат под максимални безбедбносни мери, поради Коронавирусот.