Спектаклот во УФЦ 257 донесе изненадувачка победа на Дастин Порие над Конор Мекгрегор, Ирецот по една година се врати во октагонот и борбата ја заврши со прв нокаут во кариерата.

Мекгрегор се огласи  преку социјалните мрежи, се заблагодари за поддршката која ја доби, го призна поразот.

„Сакам да се заблагодарам на сите за поддршката, ова не беше моја ноќ, Дастине пеколен противник, со нетрпение го очекувам следниот меч“ – напиша меѓудругото Мегрегор.