Шахистите на Алкалоид, имаа успешен старт на овогодинешното издание на Европскиот Клупски Куп во Улцињ, Црна Гора.

Тие во првото коло, со победите на Шанкланд, Криворучко, Ковалев и Недев извојуваа висока победа од 5:1 против екипата “Echiquier Mosan” од Белгија. Сепак, сериозниот пристап и борбеноста на противниците им донесе две реми партии, кај Андреикин и Инаркиев.

Првото коло помина без изненадувања и во другите мечеви, сите останати фаворити остварија победи: Mednyi Vsadnik St. Petersburg, AVE Novy Bor – Чешка, Obietivo Risarcimento Padova.

Следен противник на ШК Алкалоид е екипата на “Raika Rapid Feffernitz” од Австрија.