Од утре љубителите на квалитетен футсал во Скопје ќе имаат можност да ги следат настапите на футскал клубот Шкупи во претквалификациите од Лигата на шампиони на УЕФА.

Скопје е домаќин на групата Б во која играат и Кардиф ид Велс, Локомотив од Летонија и Енкамп од Андора.

„Долго време се подготвувавме за овој туртнир. Милсма дека го имаме најдоброто од Македонија вво тимот и според мене сме фаворити за првото место заедно со тимот од Летонија. Се надевам на добра игра и пласман во следната фаза.“ – изјави тренерот на Шкупи, Зоран Лекиќ на денешната прес конферецнија..