Британецот Џед Трамп победи на Меѓународниот снукер шампионат во Кина, во финалето  го победи сонародникот  Шон Марфи со 10-3.

Трамп е актуелен светски шампион,  поведе со 5-0, Марфи намали на 6-3 пред паузата. До крајот, Трамп успеа да ја задржи предноста и да освои четири фрејма и запиша победа со конечни 10-3.

Британецот во мај победи на Светското првенство и по тој настап за него ова е прв освоен турнир. Трамп е прв на ранг листата во светот кај снукерите.