Најдобриот македонски пливачки маратонец, Евгениј Поп Ацев и каратистката Симона Заборска се закитија со наградата „13 Ноември“ во изборот за најдобри спортисти за оваа година кој традиционално го организира Сојузот на спортови на град Скопје.

Наградата „13 Ноември“за најдобар спортски тренер ја доби Билјана Црвенковска која минатата година беше дел од струшниот штаб на РК Вардар. Европскиот ракометен првак е прогласен за најдобра екипа.

За поддршка на спортот признание доби градоначалниот на Општина Чаир, Висар Ганиу  а со признанија за животно дело се закитија: Александар Домлевски, Андреја Јовановски, Димче Јосифовски, Иван Лесевски и Ѓорѓи Ајановски.