Македонскиот репрезентативец Дејан Георгиевски, на Европското првенство во Таекводно кое се одржува во Сараево, БиХ, освои сребро, тој во финалето загуби од Махди Кобадабакаши кој настапува за Србија а е по потекло од Иран.
Во финале што беше четврта борба за Георгиевски, тој е поразен од поранешен светски шампион, Махди Кобадабакши ,Иранец кој се бори за Србија, во финалето загуби со тесен резултат 18:19.
Во последната трета рунда Георгиевски имаше водство 15:7 но не успеа да ја задржи предноста и загуби во борбата за златен медал на континенталниот шампионат.
Ова е историски медал за македонскиот олимписки спорт и секако за македонското олимписко таеквондо, овој медал се вбројува во неколкумина медали на официјални Европски првенства освоени во олимписки спортови од моментот кога Македонија е независна држава.
На патот до финалето, Георгиевски ги победи, Андреј Гарбар од Украина со 11:4, Динко Шегедин од БиХ со 12:7 и Рос Даниел од Шпанија со 11:4.
Comments are closed for this post.