Еден од прославените основоположници во кик-боксот во Македонија, Златко Неделковски денеска почина на 60 годишна возраст објавија неговите најбилски соработници.

„Почитувани пријатели – членови на Академијата за боречки вештини и спортови ЗА НЕД ДО и спортски соработници.Со жалење би сакале да Ве информираме дека денес 1-ви Ноември 2020 година во 15 часот престана да чука срцето на нашиот татко – учител и мајстор Златко Неделковски [1960 – 2020].“ – стои во објавата.