Џеси Комбс, телевизиска водителка и „најбрза жена на четири тркала во светот“ загина за време на обидот да го собори сопствениот рекорд во американската сојузна држава Орегон.

Комбс во октомври 2013 година стана најбрзата жена на четири тркала, таа со автомобил на млазен погон возеше со брзина од 631 километар на час на „Supersonic Speed Challenger“.

Трагедијата се случила вчера, Комбс со возило составено од остатоци од авион  „Ф-104“ се обидела да го собори сопствениот рекорд, детали за несреќата нема, таа имаше 39 години.

Американката имаше сон да стане најбрзата на светот и на три тркала, сонот не и се оствари.