Рускиот ММА борец, Алан Хаџиев е избоден со нож по расправија во ресторан, а неговиот брат наводно потоа го убил напаѓачот како одмазда.

Хаџиев во ресторанот бил со својот брат, а од засега непознати причини, расправија меѓу неколку гости преминала во тепка. Хаџиев кој се обидел да ги раздвои учесниците, бил избоден со нож од еден од тепачите, по што починал.

ММА борецот добил убодна рана во срцето, итно итно бил пренесен во болница докторите не успеале да го спасат неговиот живот.

Локалните медиуми јавуваат дека по трагедијата братот на ММА шампион го убил напаѓачот, а бидејќи бил член на руски воен одред против него е поведена казнена постапка.

Хаџиев е двократен светски шампион во фул контакт борбите.