Хабиб Нурмагомедов  се уште во својата кариера нема загубено ниту рунда, а камоли меч во 30 мечеви во УФЦ. Последните години стручњаците прогнозираат дека само еден човек има какви такви шанси да го совлада Дагестанецот, а тоа е Тони Фергусон.

Тренерот на Американецот, Еди Браво  истакна дека во евентуален меч ќе го нападнат Нурмагомедов на начин со потег другите противници не го правеле.

„Кога станува збор за борба на тоа ниво, не би требало ништо да се прогнозира, но во секој случај одиме напобеда. Знаеме како и да дојдеме до неа. Не можам да ви кажам премногу, но постои една разлика од тоа што досега го правеа сите борци против него и тоа што ќе го правиме ние. Сите бегаа од борба на подот и ја бараа оградата за да се вратат на нозе. Тони не е тип кој ќе направи такво нешто, тој е некој кој од таква позиција ќе нападне и тоа е нешто на што Хабиб не е научен“, -изјави Браво.