Тренерот на Тони Фергусом, Еди Браво, му изрази голем респект на Хабиб Нурмагомедов.

Ние долго време се подготвуваме за мечот со Хабиб и секогаш се подготвуваме за најлошото сценарио, а Хабиб сигурно е најлошо сценарио. Најверојатно, тој е најдобриот борец за целата историја на УФЦ. Да се победи тој е најсложената задача во ММА.

Проблемот со Хабиб е во тоа што тој е непобедлив. Но, има и мечеви, а ги изгледавме сите, во кои Хабиб не е оној класичниот“, вели тренерот на Фергусон за MMAJunkie.

Борбата меѓу Нурмагомедов и Фергусон ќе се одржи на 18 април во Бруклин.