Неделеа рано утрината по средноевропско време треба да се одржи УФЦ 249 на Флорида, а сите борци беа тестирани на Коронавирусот. Еден од нив, Бразилецот Роналдо Соуза е позитивен, но УФЦ тврди дека тоа нема да влијае на преостанатите борби.

Откажан ќе биде мечот меѓу Соуза и Хола, но сите други мечеви ќе бидат на програмата според планот. Две лица од тимот на Бразилецот се исто така позитивни на КОВИД-19, а според УФЦ други заразени нема.

„ Нашиот лекарски тим ги тестираше сите учесници, а кај Соуза и двајца негови тренери тестот е позитивен, иако никој од нив немаше симптоми. Тие сега се наоѓаат во самоизолација, а нивната состојба се следи“- стои во изјавата од УФЦ.