Борецот од Дагестан, Хабиб Нурмагомедов  беше доминантен над Џастин Порие кого исто како и Конор Мекгрегор го победи со „давење“ .

Конор Мегрегор не чекаше многу, веднаш по победата на Хабиб Нурмагомедов против Џстин Порие го предизвика на реванш и тоа Москва.

Станува повеќе од извесно дека до реванш ќе дојде, прашање е само кога и можеби каде, Москва е една од опциите.

Претседателот на УФЦ, Дан Вајт, изјави дека има смисла реванш меѓу двајцата ривали.

„Реванш меѓу Мегрегор и Нурмагомедов има смисла, фановите тоа го очекуваат и ќе биде вистински спектакл“ – изјави претседателот на УФЦ, Вајт.