Колумбиецот, Еган Бернал од британскиот тим ИНЕОС победи на овогодинешното издание на најголемата велосипедска трка на светот „Тур де Франс“.

Во завршната етапа која традиционално завршува на Елисејските полиња во Париз славеше Австралијанецот Келеб Хуан.

Бернал по три недели возење низ Франција победи со предност од 1 минута и 11 секудни во однос на минатогодишниот победник и сега негов клупски колега Герент Томас.

Бернал стана третиот најмлад победник во историјата на оваа трка а прв од Јужна Америка кој успеа да дојде го големата победа.