Усеин Болт е спортски пензионер, покрај атлетиката сака да се проба и во друг спорт, изрази желба да настапи во НФЛ.

Повеќекратниот олимписки и светски шампион сака да настапи во НФЛ лигата, но за тоа има еден услов, не сака да игра за било која екипа, има една желба.

„Ако ме повикаат Патриотс или Арон Роџерс ќе прифатам да настапам, подготвен сум“ – изјави Болт.

Болт покажа дека има способност и за НФЛ откако минатата зима 40 јарди ги истрча за 4,2 секунди, ова е еден од тестовите  за настап во професионалната лига на Америка.