На Светското првенство кое деновите се одржува во Гванжу, британскиот пливач, Адам Пити постави нов светски рекод во дисциплината 100 метри градно.

Тој делницата ја исплива за 56.88 секунди со што го подобри личниот рекорд од настапот во Глазгов од пред една година.

Адам Пити со ова ја потврди фаворитската улога на мундијалот. Тој на 100 метри градно е непоразен пет години по ред и е актуелен олимписки првак.