Рускиот ММА борец, Пјотр Јан беше дисквалификуван во борбата со Алајџаман Стерлинг, со што го загуби појасот во бантам катагоријата.

Пресметката меѓу двајцата ривали која требаше да донесе незаборавна и неизвесна борба со фантастични удари беше прекината откако Јан го нападна Стерлинг со колено додека тој беше со едното колено на подот.

Поради правилата на УФЦ, ако едниот натпреварувач е на подот, противникот не смее да напаѓа со нога.