Новогодишниот спектакл на Ризин ќе биде зачинет со меч меѓу двете поранешни Прајд ѕвезди Федор Емелијаненко и Квинтон Џексон. Овој настан ќе биде на програмата на 29 декември.

Поранешниот шампион Прајд во тешка категорија, Федор Емелијаненко  во Токио ќе се бори со човекот кој ги обедини титулите на Прајд и УФЦ, Квинтон Џексон.

За 43-годишниот Русин ова е прв меч по поразот кој го доживеа од Рајан Бадер во првата рунда во финалето од Белатор, додека Американецот не се борел од септември минатата година кога го нокаутираше Вандерлеј Силва по втор пат во нивната четвртата борба.

Настанот се одржува во соработка со Белатор и ќе учествуваат неколку борци на американската промоција.