Крикет натпреварот на Светското првенство меѓу Шри Ланка и Јужноафриканската република бил прекинат поради рој пчели.

Во моментот кога инсектите буквално го преплавиле теренот, играчите легнале на тревата и си ги прекриле лицата за да се заштитат. Набрзо играчите почнале да се смеат, по што излегле од теренот, а редарите со противпожарни апарати ги растерувале пчелите.

Натпреварот подоцна бил продолжен без проблеми.