Австралискиот пливач, Мек Хортон предизвика скандал на СП во пливање во Гванжу за време на церемонијата на доделување на медали на 400 метри слободно.

Хортон го освои среброто во оваа дисциплина, во текот на интонирањето на химната на Кина повод победата на Сун Јанг тој во знак на протест  го напушти пиедесталот.

ФИНА  го предупреди Хортон кој се соочува со казна, Јанг  наводно одбил допинг тест и тоа била главната причина за „протестот“ на Хортон.

Инаку Сун Јанг на СП во Казањ пред четири години не с епојави на финалната трка поради наводни болки во градите, година дена подоцна  тој беше суспендиран поради допинг на три месеци.