Португалската ММА организација „ECE“  ќе добие на популарност по мечот меѓу Едер Лопез и Диого Невеш кои приредија неверојатен спектакл.

Имено, кон средината на првата рунда двајцата борци тргнаа во тотална офанзива и при размена на ударите двајцата беа во нокаут истовремено.

 

 

Судијата во прв момент беше збунет и не знаеше како да реагира, но само после неколку секунди Лопез стана, додека Невеш лежеше без свест што автоматски значеше дека 21-годишниот Лопез победи. Ваквото сценарио стана хит на социјалните мрежи, а за организацијата „ЕСЕ“ дознаа и оние кои не се толку упатени во борилачките спортови.