Спектаклот во УФЦ 257 донесе изненадувачка победа на Дастин Порие над Конор Мекгрегор, Ирецот по една година се врати во ктагонот и борбата ја заврши со прв нокаут во кариерата.

Мекгрегор во втората рунда беше нокаутиран, иако во првата доминираше против Порие.

Порие во втората рунда со еден десен директ и серија на удари го нокаутира Мекгрегор кој спортски му ја честита победата на Порие.

„Ниските удари кои ги добив беа навистина добри, ногата ми откажа, и не беше како што планирав. Дастин е добар борец, но мора ова да го заборавам и да се вратам. Тоа и ќе го направам. Страшно сум разочаран“ – изјави по борбата Конор Мекгрегор.