Македонија по втор пат ќе игра на ЕУРО, нашите одбојкари вечерва во Скопје ја совладаа Турција со 3-1 и обезбедија настап на континеталниот собир.

Добро започнавме, првиот сет го добивме со 25-20, вториот го загубивме со 19-25, во третиот иако губевме со 16-12, на крај запишавме успех со 25-23. Решавачкиот сет за победа 3-1 го добивме со 25-18 и обезбедивме настап на ЕУРО!

По Словенија и првиот настап на ЕП, Македонија по втор пат ќе игра на европските првенства, имаме тим, имаме искуство, одиме на ЕУРО!