Американката Микаела Шифрин ја оправда фаворитската улога на трката во спуст во скијачкиот центар Банско, Бугарија.

Американката оствари време од 1:29:79 и за 18 стотинки беше побрза од второпласираната Фредерика Бриноне. Трета позиција и припадна на Јоана Хаехле.

Со оваа победа Шифрин се зацврсти на првата позиција во генералниот пласман во Светскиот Шампионат во скијање со 1075 бодови, додека зад неа е Бриноне со 795 поени.