Во стилот на големите светски спортски настани, вечерва во Минск беа отворени Европски игри на кои нашата земја ја преставуваат 12 натпреварувачи во повеќе спортови и категории.

Во очекување на првите настапи на нашите репрезентативци со желба за добри резултати, можеме да бидеме и повеќе од задоволни од тоа како помина свеченото отворање на Европските Игри.

Гоце Јанески, нашиот боксер продефилира со македонското знаме во делот наменет за преставување на делегациите. Сето ова можевте да го проследите и со директен пренос на дриблинг.мк.

Во продолжение издвојуваме моменти од спектаклот во Минкс на кој модерната технологија и традицијата се споија во едно.