Конор Мек Грегор изминатата седмица беше во Москва каде одржа неколку прес-конференции во кои ги објави плановите за неговиот кам-бек во октагонот. Покрај тоа Мекрегор се присети на средбата со рускиот претседател Владимир Путин минатото лето на кого му подари виски „Пропер 12“. Ирецот истакна дека прво вискито го пробало неговото обезбедување како би се осигурале дека се е регуларно.

Деталите за безбедноста на претседателот Путин се најдобри, а сигурен сум дека знаете. Не може да си играте со Владимир. Му дадов шише виски, кое го зеде обезбедувањето за да провери дали е затруено“-изјави Мекрегор.

На социјалните мрежи неодамна се пофали дека неговото виски „Правило бр. 12“ ќе излезе во продажба на пазарот.

Мекрегор своето враќање на борбите ќе го има на 18 јанувари во Лас Вегас, а неговиот противник сеуште не е познат.