Главната борба од УФЦ Фајт Најт 159 ги разочара фановите, откако  Џереми Стивенс за малку ќе останеше без око во текот на синоќешната борба која траеше само 15 секунди.

Само 15 секунди траеше целата борба.докторите му дадоа пет минути на Стивенс за да се врати, но на крајот се откажа од борбата, зашто не можеше да го отвори окото.

Публиката беше разочарана со фактот дека борбата заврши уште пред да почне и поради тоа фрлаа со предмети по Стивенс што во најмала рака е некултурно. Стивенс веднаш бараше реванш, па кажа дека ќе биде подготвен за недела или две, додека Родригез засега не даде одговор.